04.12.2020

Како дел од започнувањето на новата кампања на ФИБА „Dont Miss A Beat“

Објавено официјалното лого на Мундобаскетот 2023 (ВИДЕО)

Концептот за новооткриеното лого за Светскиот куп на ФИБА во 2023 произлегува од три клучни елементи: срце, трофеј „Најсмит“, и 2023 година.

Срцето ја симболизира страста за играта, додека трофејот „Најсмит“ е сон за сите учеснички тимови на Светското првенство, а „23“ ја претставува годината во која центарот на вниманието ќе биде во три земји домаќини: Филипини, Јапонија и Индонезија.

Трите земји домаќини имаат силна страст кон кошарката и оваа љубов кон играта е отелотворена во новото лого на Светскиот куп на ФИБА 2023, кое ќе собере милиони фанови, со милиони срца што чукаат како едно.

Светскиот куп на ФИБА 2023, ветува дека ќе биде незаборавен настан, предвиден за периодот од 25 август до 10 септември 2023 година.

Првата фаза од шампионатот ќе се игра во трите града-домаќини, Манила, Окинава и Џакарта, додека финалниот дел е „сместен“ во главниот град на Филипините, Манила.

Трите домашни нации ќе ја делат истата страст и истиот сон, имајќи тројна гордост и создавајќи трипати поголема количина на енергија и возбуда во текот на оние 17. Дена, времето на одржуавње на Мундобаскетот.