Почитувани спортски клубови,
Агенцијата за млади и спорт, согласно Законот за спорт достави Образец за Барање за користење на средства од даночното ослободување за национални спортски федерации, спортски клубови и активни спортисти за натпреварувачка сезона 2021/2022.
Ве молиме истиот да биде пополнет и вратен до канцеларијата на КФСМ, најдоцна до 15.01.2023 година (недела)
Доколку не го испратите навреме, ќе се смета дека вашиот клуб не е заинтересиран за користење на средства од даночно ослободување.
Пополнетиот образец со точни информации да се достави во тврда копија до канцеларијата на КФСМ или по електронски пат на contact@basketball.org.mk
Образец - Барање за користење на средства од даночно ослободување за клуб
- Спортските клубови и активните спортисти и другите правни лица кои имаат решение за вршење на дејност спорт, кои аплицираат за Ваучер за користење на средства од даночно ослободување, да се активни во последните две години односно последните две натпреварувачки сезони.