04.02.2020

Очекуван потег на Сакети: Италијанците „излегоа“ со драстично подмладен ростер

Под слоганот “ја градиме иднината“, од 17 февруари, 16.кошаркари ќе ги започнат мини подготовките на Италија за февруарските квалификациски мечеви за пласман на ЕП 2021.

 

Ромео Сакети не изненади. Како што беше и за очекување, селекторот на репрезентацијата на Италија, излезе со список од 16. кошаркари на кои ќе смета за претстојниот февруарски циклус. Односно дуелите од групата „Б“ во која е и нашиот национален тим, а против селекциите на Русија и на Естонија.

Предводникот на „аѕурите“ се реши драстично да го подмлади тимот во квалификациите, кои резултатски гледано се тотално небитни за неговата селекција. Пред се ако се земе в предвид дека Италија има директен пласман на Евробаскетот затоа што е еден од ко-организаторите на шампионатот во 2021 година.

Во ростерот има играчи од 2003 година, како што е Матео Спањоло, екстра талентиран кошаркар на Реал Мадрид, потоа Џордано Бортолани, од класата „2000“, и Франческо Кандуси, кој интересно, нема ниту еден настап во Серија А.

А после неколку години пауза, во тимот се повикани Андреа Де Николао, Филипо Балди Роси, Симоне Фонтекио, Микеле Рузиер, и Стефано Тонут.

Италијанците се собираат на 17.февруари, во Неапол, а на 20.февруари играат против селекцијата на Русија.

СОСТАВОТ НА ИТАЛИЈА ЗА ФЕВРУАРСКИОТ „ПРОЗОРЕЦ“

Никола Акеле, Филипо Балди Роси, Џордано Бортолани, Франческо Кандуси, Андреа Де Николао, Симоне Фонтекио, Андреа Мезаноте, Андреа Пекиа, Џампаоло Ричи, Микеле Рузиер, Матео Спањоло, Марко Спису, Амедео Теситори, Стефано Тонут, Леонардо Тоте, Микеле Витали.

На располагање како „резерви“ ќе бидат уште и: Лука Кампогранде, Леонардо Канди, Рафаел Гаспардо и Матео Тамбоне.