14.07.2017

Од вас се бара само борбеност на терен и желба за победа

Двомечот со Словачка е веќе заборавен и сениорите продолжуваат да ги обавуваат задачите во Скопје. Следи период со многу пријателски натпревари кои ќе му помогнат на селекторот Давитков да ја темпира формата и да ги одбере дванаесетмината воини кои за 18 дена ќе ги бранат националните бои на претквалификациите за Светското првенство 2019.

Настрана тоа што се случи во Словачка, вие сега мроате да се посветите на периодот што следи. Од вас сакам да видам борба на теренот, сакам мотивација и желба за игра и за победа. Не сакам да видам предавање од самиот старт. Од мене и од федерацијата секогаш ќе имате поддршка, без оглед на сè, во мене имате пријател и тука сум ви за сè што ви треба  - Претседателот на Македонската кошаркарска федерација Петар Наумоски го отвори тренингот со мал говор за репрезентативците.

 

В сабота (15. јули, 2017 година) играме против Бугарија. Натпреварот ќе биде одигран во VIP арената при спортскиот центар „Борис Трајковски“ со почеток во 20 часот и 30 минути. Вратите ќе бидат отворени за сите љубители на спортот со портокаловата топка. Тие што нема да можат да го гледаат натпреварот од трибините ќе можат да го проследат на првиот програмски сервис на националната телевизија (МРТ) додека статистиката може да се проследи на следниот линк.