21.01.2020

ОД ВЧЕРА И ОФИЦИЈАЛНО: Војдан Стојановски е новото лице во Гравелин (ВИДЕО)

Францускиот клуб направи едно убаво „добредојде“ за капитенот на нашиот национален тим

По Лак Ортез е само една убаво минато за Војдан Стојановски.  А веќе од вчера, и официјално, капитенот на нашиот национален тим е промовиран во нов играч на Гравелин.

Овој француски клуб на еден оригинален начин, со видео-интервју го презентираше својот нов играч кој треба да им помогне во битката за опстанок во ЛНБ лигата.

Во „рок“ од 45.секунди, прво Војдан се претстави себеси во кратки црти, а потоа беше прашан дали се сеќава дека некогаш играл против Гравелин...

Според календарот на француската ЛНБ лига, своето деби за новиот клуб Стојановски ќе го има на 25.јануари (сабота), кога пред својата публика Гравелин го пречекува составот на Дижон.