Навивачите на осумте клубови учесници на завршниот турнир од ФИБА Лигата на шампионите ќе може да ги следат „во живо“ настапите на своите миленици во наредните пет дена (30.септември-4.октомври).
Секако, поради протоколите и здравствената безбедност воопшто, нема да бидат во „ОАКА“ Арената, но ќе бидат присутни на „лице место“ благодарение на партнерството на ФИБА Лигата на Шампионите и „КраудАмп“.
Ќе бидат во ситуација да имаат посебна интеракција со својот тим благодарение на дигиталната технологија.
А како сето тоа изгледа, оние кои ја следат кошаркари, имаа прилика да го видат за време на натпреварите во НБА лигата кои се играат во „балонот“ во Орландо.
Оние кои се заинтересирани да ги гледаат мечевите од „Фајнал-Ејт“ турнирот кој стартува утре попладне (од 17.30 часот) во Атина, ќе треба да ја побараат опцијата „повеќе“ на специјалната апликација која ја креираше ФИБА Лигата на шампионите.