04.03.2021

„Коронавирусот ни покажа дека можеме да постигнеме се“- порача израелската кошаркарска легенда.

Одед Каташ има решение за спорот ФИБА-Евролига: „Можеме две недели да не играме во петок“

Одед Каташ, познатото играчко, а сега и тренерско име во Израел и во Европа, вели дека би можело да се најде решение за долгогодишниот спор кој го имаат ФИБА од едната, и Евролигата од другата страна на теренот.

Актуелниот шеф на струката на грчкиот гигант Панатинаикос, во февруарскиот „прозорец“ на ФИБА ја извршуваше и функцијата на селекторот на репрезентацијата ан Израел.

„Четири години бев селектор на Израел. Го разбирам и календарот на Евролигата. Но да се биде селектор на репрезентацијата е нешто посебно за секој. И за играчите, исто така. Сакаме да ги видиме најдобрите. Не сум во целост упатен во проблемот, но мора да се пронајде начин. Гледате дека некако се снаоѓаме, само се надевам дека сето ова нема врска со политиката. Евролигашките играчи мора да учествуваат во ‘прозорците’. Тоа би било навистина добро за кошарката. Не би било толку страшно во две седмици од сезоната од Евролигата да играме во петок. Коронавирусот ни покажа дека можеме да постигнеме се“- порача израелската кошаркарска легенда.

Предлогот за кој всушност се говори во последно време е во тие две недели во кои се квалификациските „прозорци“ ги помести натпреварите во вторник, односно во среда, се со цел играчите да бидат дел од своите национални селекции.

Тоа ќе биде особено важно во следните „прозорци“ за Светското првенство во 2023 година. Таму нема да има место за поправен. На Мундијалот во Јапонија, Филипини и Индонезија ќе се пласираат само 12 репрезентации од Европа.