Екипите на Кожув и на Блокотехна односно на Струмица и на АВ Охрид денес ги одиграа меѓусебните натпревари во рамки на првото коло од Првата лига во машка конкуренција за натпреварувчката сезона 2017/2018.
Кошаркарите на Блокотехна излегоа како победници од битката во Гевгелија. Најновиот член на прволигашкото друштво славеше со убедливи 56-99 односно 20-24, 14-35, 12-17 и 10-23 по делници на гости кај Кожув.
СТРЕЛЦИ
Кожув: Апостолов (16поени),Пековиќ (22), Петров (2), Шалев (4), Шутаров (10)
Блокотехна: Аврамовски (2), Бенџамин (28), Младеновиќ (7), Главчев (13), Мијатовиќ (6), Божинов (11), Малори (10), Гоцевски (6), Колев (8),Камберов (2), Лазаревски (6)
Во вториот натпревар за денес АВ Охрид со победа на гости кај Струмица ја започна својата нова битка за што подобар пласман на табелата во прволигашкото друштво. „Галебите“ славеа со 76-90 односно 15-24, 29-24, 15-23 и 17-17 по делници.
СТРЕЛЦИ
Струмица: Тарнер (14поени), Цветков (8), Монтес (20), Арсоски (4), Ревес (13), Стојменов (5), Делипетров (11), Шајкаров (1)
АВ Охрид: Бери (33 поени), Донески (4), Глигоријевиќ (3), Рос (27), Цонков (7), Јанески (2), Лефковски (5)
До заокружување на првото коло од оваа натпреварувачка сезона остануваат уште три натпревара - Пелистер - Шкупи в вторник (10. октомври со почеток во 16:30), Фени Индустри - Гостивар (11. октомври со почеток во 18:00) и МЗТ Скопје Аеродром - Карпош Соколи (12. октомври со почеток во 18:00).