По одличното прво полувреме, и падот во третата четвртина, нашиот кадетски тим пронајде сили и мотиви да дојде до триумф (83:77) на Балкан Купот во Таргу Џиу...
Со една победа и два порази се враќа нашата кадетска селекција од гостувањето во романскиот Таргу Џиу. По двете неуспешни игри против Романија и Израел, селекцијата „Под 16“ години го поправи впечатокот со успех против селекцијата на Бугарија.
БУГАРИЈА – МАКЕДОНИЈА 77:83
(22-26; 19-25; 25-9;11-25)
Нашиот кадетски тим одигра одлично, пред се во нападот, во тоа прво полувреме. Го решивме во своја корист со резултат (51:41).
Што е исто така важно, имавме тројца разиграни кошаркари, Бошалески, Стојановски и Благоевски.
Но лошо го отворивме второто, во кое на противникот му дозволивме серија од (9-3), со која го вративме во игра за триумф. Водевме само со (54:50) по неполни четири минути игра. Некоја минута подоцна, Бугарите стигнаа и до пресврт, поведоа со (64:58).
Во таа четвртина нашите момчиња реализираа само девет поени, а притивникот 25, за нивно водство од (66:60).
По три минути игра во последниот период, со наша серија (10-3), успеавме да го вратиме водството (70:69). Го добивме и Башовски, како четвртти играч со двоен број на поени во нашиот тим.
На две и пол минути пред крајот, по поените на Стојановски, беше нерешено (77:77). По поентирањето на Башоски од линијата за слободни фрлања повторно водевме (79:77). А со четирите поени по ред на Благоевски ја потврдивме победата.
Прва на турнирот во Романија, доволна за третото место.
Комплетнагта статистика од мечот со Бугарија може да се види на следниот ЛИНК.
Нашиот кадетски тим го завршува ова гостување во Таргу Џиу откако претходно ги загуби средбите против селекциите на Романија (81:94) и на Израел (51:83).