21.06.2020

Нашиот репрезентативец имаше одличeн почеток, со 13. реализации, но на крајот, недоволно за „зелено-црните“ ја совладаат Уникаха.

Одлично полувреме на Димитријевиќ, без краен ефект за Хувентуд

Во дуелот на две екипи кои доста добро се познаваат (оваа сезона, освен во Ендеса лигата, играа и во Еврокупот), Уникаха славеше против Хувентуд со (98:89).

Па по три одиграни мечеви во групата „А“, Хувентуд е на ефект (1-2), а Уникаха има (2-1) со кои ги следат водечките две екипи, Барселона и Басконија (по 2-0)

Одличен почеток имаше Хувентуд, а уште подобар беше Ненад Димитријевиќ кој даде 7, од стартните 14. поени за својот тим кој поведе со (14:3) во само три и пол минути од играта.   

По деветтиот поен на Димитријевиќ, Хувентуд имаше уште поголема предност (16:5). Но Уникаха најде одговор. Брзо се врати во игра тимот од Малага. Со серија од осум поени, се доближи на (13:16).

Но првиот период екипата од Бадалона го затвори со водство од (20:13). Во вториот имаше доста послаба реализација на двете страни, а подобра игра на Уникаха која го превзема водство.  

Полувремето во Валенсија заврши со резултат (39:36) во корист на екипата од Малага. А Ненад Димитријевиќ како прв стрелец на Хувентуд со 13.поени (6/8 во шутот од поле), плус и три додавања и еден скок, за 14:06 минути во игра.     

Она второто, тренерот Карлес Дуран го почна без Димитријевиќ во петорката, кој имаше само еден неуспешен обид за три поени во тој трет дел од играта во кој Уникаха го зголеми водството, (61:56).

Во последната четвртина, со серија од (7-0) фаворитот дојде и до двоцифрена разлика (68:56). Хувентуд се врати со помош на одличниот Морган, и серијата (11-2) за (67:70). Но ништо повеќе од тоа, затоа што Уникаха го имаше неверојатниот Аксел Бутеј, стрелец на 28.поени за победничката екипа.

А Ненад Димитријевиќ финишираше како трет стрелец во Хувентуд, со 16.поени, (6/7 за два и 1/4 за три поени), три асистенции, по еден скок и освоена топка, како и четири загубени топки за 26:13 минути во игра.

Во следното, 4. коло од групата „А“ на завршниот турнир, на 23. март (вторник) од 21.30.часот, Димитријевиќ и другарите ќе играат против екипата на Тенерифе. Единствената без победа во првите три круга од завршницата на „Ендеса“ лигата која се игра во Валенсија.