11.11.2020

Поради забележани два позитивни случаи на коронавирус во редовите на Куманово 2009, дуелот со ТФТ ќе се игра во друг термин

Одложена втората македонска  пресметка во Балканската лига

Натпреварот помеѓу екипите на ТФТ и на Куманово 2009 во рамките од БИБЛ лигата, кој требаше да се одигра вечерва со почетокот од 19 часот во Скопје, е одложен.

Менаџментот на БИБЛ лигата добил информација за два позитивни случаи на присуство на Covid-19 вирусот во редовите на гостинската екипа, по што е одлучено овој меч да биде одложен.

Во наредните денови, локалните здравствени авторитети во нашата земја ќе треба да дадат информација околу тоа колку денови кумановци ќе мора да поминат во карантин-самоизолација.

Врз основа на таа информација ќе се пристапи кон реализација на нов термин за одигрување на македонското дерби во оваа конкуренција, втор меч од почетокот на новата сезоан во БИБЛ лигата.

На првиот натпревар одигран во Куманово, славеше домашната екипа со резултат (90:83).