Согласно Актите на КФСМ, поточно Пропозициите за натпреварување во сениорските лиги, Правилникот за натпреварување во сениорските лиги и Дисциплинскиот правилник на КФСМ, ви ги испраќам одлуките за прекинатиот натпревар помеѓу екипите на КК „Чаир 2030 АД“ и КК „Работнички АД“ одигран на ден 11.12.2022 година со почеток од 19:30 часот, во салата „Шабан Трстена“, Општина Чаир, Скопје.
Дополнително, ве известувам дека во извадокот на дел од дневните настани од 12.12.2022 на МВР на РС Македонија објавено е следното: „На 11.12.2022 во 20:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во спортската сала „Шабан Трстена“ на подрачје на Чаир, за време на одигрување на кошаркарскиот натпревар помеѓу КК „Чаир“ и КК „Работнички“, вработен како фоторепортер во кошаркарскиот клуб „Чаир“ влегол на теренот и физички нападнал кошаркар на гостинскиот клуб. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.“
По расчистување на случајот од страна на МВР, КФСМ ќе преземе и соодветни мерки против лицето Алтин Рушити, официјален фоторепортер на КК „Чаир 2030 АД“.