16.02.2021

Стручниот штаб засилен со Никола Василев

Одработен првиот тренинг во Перм

По одморот од долготото патување, нашата најдобра селекција утрово го одработи и првиот тренинг во Перм.

Во салата каде ќе се игра турирот, Арената „Mолот“, селекторот Александар Тодоров ги изведе сите 15. играчи на кои смета за четирите натпревари.

За прв пат од почетокот на подготовките, заедно со другиот дел од тимот тренираа и Ненад Димитријевиќ и Стојан Ѓуроски.

„Засилување“ има и во стручниот штаб. На тренинг е и Никола Василев, кој поради професионалните обврски со својот клуб во Литванија се приклучува од денеска во работата со националниот тим.

Освен овој, на првиот ден од престојот во Перм, „црвено-жолтите“ ќе одработат уште еден тренинг. И тоа во периодот од 19.45 до 21.15 часот по локално, односно 15.45 до 17.15 часот по македонско време.