07.03.2017

Одреден распоредот на натпревари во Супер лигата и во плејаутот

Регуларниот дел од сезоната заврши со 14. одиграно коло изминатиот викенд со што се одреди и финалниот пласман на клубовите на табелата во Првата лига (Мажи). Фени индустри го заврши првиот дел од сезоната на првото место на табелата, со само два порази. Второпласиран е Работнички, вицешампионот Куманово е на третото место на табелата додека Кожув е последниот учесник во Супер лигата по пласман од првиот дел на сезоната. На овие четири екипи ќе им се приклучат бранителот на шампионската титула МЗТ Скопје Аеродром и Карпош Соколи, тимови кои се натпреварува на два меѓународни фронта – АБА лига и Еврокуп односно АБА лига и БИБЛ лига.

На жребувањето одржано во просториите на македонската кошаркарска федерација беа одредени броевите на МЗТ Скопје Аеродром и на Карпош Соколи, а потоа се одреди и распоредот на натпревари во Супер лигата.

По ждребот беше одреден и распоредот на натпревари во Плејаут лигата каде борба за опстанок во кошаркарската ’елита’ на македонија ќе водат екипите на Струмица, Вардар, Пелистер и на АВ Охрид.