18.09.2025

Ждрепката посака, на 4.октомври, во првото коло да се сретнат бранителот на шампионската титула, МЗТ Скопје и дебитантот во елитата, Маџари

Одредени натпреварувачките броеви во МТЕЛ Суперлигата

Новата првенствена сезона во МТЕЛ Суперлигата може да почне...

Денеска, на состанокот на претставниците на сите 12. клубови-учесници во најквалитетното натпреварување и раководството на федерацијата, беа извлечени натпреварувачките броеви со кои се формираше и распоредот на натпреварите во Првата лига-мажи за сезоната 2025/2026.

Клубовите ги добија следните натпреварувачки броеви:

1. Феникс 2010

2. Чаир 2030

3. Кожув

4. Маџари

5. Гостивар

6. Тиквеш Голден Игл

7. Ангели

8. МКК Куманово

9. ТФТ

10. МЗТ Скопје Аеродром

11. Работнички

12. Пелистер

Согласно Бергеровиот систем за натпреварување со 12.екипи-учесници, формирани се и двојките за првото првенствено коло кое стартува на 4.октомври:

ДВОЈКИ 1. КОЛО (4.ОКТОМВРИ)

Феникс 2010 – Ангели

Чаир 2030 – МКК Куманово

Кожув – ТФТ

Маџари – МЗТ Скопје Аеродром

Гостивар – Тиквеш Голден Игл

Работнички – Пелистер

Инаку, официјално, оваа натпреварувачка сезона во македонската клупска кошарка ќе биде отворена со одигрувањето на Суперкупот. Натпреварот помеѓу шампионот, МЗТ Скопје Аеродром, и ланскиот финалист во Купот на Македонија, гевгелиски Кожув, ќе се игра на 28. септември, во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ - МТЕЛ СУПЕРЛИГА МАЖИ - НATПРЕВАРУВАЧКА СЕЗОНА 2025/2026