Новата првенствена сезона во Првата лига-мажи може да почне...
Денеска, на состанокот на претставниците на сите 12. клубови-учесници во најквалитетното натпреварување и раководството на федерацијата, беа извлечени натпреварувачките броеви со кои се формираше и распоредот на натпреварите во Првата лига-мажи за сезоната 2024/2025.
Клубовите ги добија следните натпреварувачки броеви:
1.Тиквеш
2. Вардар
3.Работнички
4.ТФТ
5.МЗТ Скопје Аеродром
6.Шкупи
7. Пелистер
8. Гостивар
9. Феникс 2010
10.МКК Куманово
11.Чаир 2030
12.Кожув
Согласно Бергеровиот систем за натпреварување со 12.екипи-учесници, формирани се и двојките за првото првенствено коло кое стартува на 5. односно на 6. октомври:
ДВОЈКИ 1. КОЛО (5/6.ОКТОМВРИ)
Тиквеш – Пелистер
Вардар – Гостивар
Работнички – Феникс 2010
ТФТ – МКК Куманово
МЗТ Скопје Аеродром – Шкупи
Чаир 2030 – Кожув
Инаку, официјално, оваа натпреварувачка сезона во македонската клупска кошарка ќе биде отворена со одогрувањето на Суперкупот.
Натпреварот помеѓу шампионот, МЗТ Скопје Аеродром, и ланскиот финалист, Пелистер, ќе се одигра на 28. односно на 29. септември,во договор со двата клубови учесници на Суперкупот.