19.09.2025

Во новата сезона ќе се натпреваруваат вкупно 15.екипи, поделени во две натпреварувачки групи

Одредени натпреварувачките броеви во Првата македонска лига-мажи

Новата првенствена сезона во Првата македонска лига-мажи  може да почне…

По малку поинаков формат во однос на претходните, со оглед на тоа дека во новата натпреварувачка сезона 2025/2026 ќе се натпреваруваат вкупно 15. екипи, поделени во две групи.

Во групата „А“, ќе се натпреваруваат седум екипи, кои ги добија следните натпреварувачки броеви:

1. Охрид

2. /

3. Тетекс ТТК

4. Мега Баскет

5. Црн Дрим

6. Вардар

7. Младинец

8. Водно Санс

Во групата „Б“, ќе се натпреваруваат осум екипи, кои ги добија следните натпреварувачки броеви:

1. Бутел

2. Спортисимо

3. Струмица ФМП

4. Борец баскет

5. Соколи 1933

6. Ролинг

7. Овче поле

8. Шкупи

Согласно Бергеровиот систем за натпреварување, формирани се и двојките за првото првенствено коло во новата сезона која ќе стартува во средината на октомври:

ДВОЈКИ - ПРВО КОЛО

ГРУПА „А“

Водно Санс – Охрид

Вардар – Тетекс ТТК

Мега баскет – Црн Дрим

Младинец – слободен

ГРУПА „Б“

Шкупи – Бутел

Спортисимо – Овче Поле

Ролинг – Струмица ФМП

Борец баскет – Соколи 1933