11.09.2024

Ждрепката посака, на почетокот да се сретнат „вторите екипи“ на вечните ривали: Работнички 2018 – МЗТ Скопје Уни Банка

Одредени натпреварувачките броеви во Втората лига

Новата првенствена сезона во Втората лига може да почне...

На состанокот на претставниците на клубовите-учесници, беа извлечени натпреварувачките броеви со кои се формираше и распоредот на натпреварите во Втората лига за сезоната 2024/2025.

Клубовите во оваа конкуренција ги добија следните натпреварувачки броеви:

1. Охрид

2. Мега баскет

3. Работнички 2018

4. Борец баскет

5. Црн Дрим

6. Водно санс

7. Маџари

8. Академија ФМП

9. МЗТ Скопје Уни Банка

10. Ангели

11. Бутел

12. Соколи 1933

Согласно Бергеровиот систем за натпреварување со  12. екипи-учесници, формирани се и двојките за првото првенствено коло во новата сезона која ќе стартува во втората недела на октомври:

ДВОЈКИ 1. КОЛО

Охрид - Маџари

Мега баскет – Академија ФМП

Работнички 2018 – МЗТ Скопје Уни Банка

Борец баскет – Ангели

Црн Дрим – Водно санс

Бутел – Соколи 1933