30.01.2023

Нашиот машки сениорски национален тим ќе биде гостин во Словачка и во Норвешка

Одредени официјалните лица за февруарскиот ФИБА „прозорец“ од претквалификациите за ЕП 2025

Судискиот оддел на ФИБА ги потврди номинациите на официјалните лица за последните два натпревари од вториот круг од претквалификациите за пласман на Евробаскетот 2025 година.

Односно натпреварите од групата „Д“ во која е и нашиот сениорски национален тим.

На натпреварот од петтото коло, Словачка-Македонија, кој се игра на 23. февруари во Левице (од 18.часот), правдата ќе ја дели судиската тројка: Венцислав Великов (Бугарија), Мехмет Сахин (Турција) и Март Ухендрик (Естонија). Во улога на делегат е Томаш Кудлицки (Полска).

На оној наредниот, и последниот меч од вториот пред-елиминациски циклус, закажан за 26. февруари (18.00), кој нашите најдобри кошакари ќе го одиграат во Осло, против репрезентацијата на Норвешка, како официјални лица-судии, ќе бидат: Циприан Стоика (Романија), Чан Мавису (Турција) и Хавиер Торес Санчез од Шпанија, а делегат е Иван Бодроговари од Унгарија.