05.02.2024

Нашиот машки сениорски национален тим ја дочекува Естонија, а гостува во Полска

Одредени официјалните лица за февруарскиот ФИБА „прозорец“ од квалификациите за Евробаскетот 2025

Судискиот оддел на ФИБА ги потврди номинациите на официјалните лица за последните два натпревари од првиот круг од квалификациите за пласман на Евробаскетот во 2025 година.

Односно натпреварите од групата „X“ во која е и нашиот сениорски национален тим.

На натпреварот од првото коло, Македонија-Естонија, кој се игра на 23. февруари во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје (од 19.часот), правдата ќе ја дели судиската тројка: Венцислав Великов (Бугарија), Керем Баки, Орхан Хекимоглу од  Турција. Во улога на делегат е Еран Атија  од Израел.

На оној наредниот, закажан за 26. февруари (од 18.часот), кој нашите најдобри кошакари ќе го одиграат во градот Сосновиец, против репрезентацијата на Полска, како официјални лица-судии, ќе бидат: Маетинс Козловскис и Гатис Салинс (Летонија), и Зафер Јилмаз (Турција), а делегат е Лидија Плеиќ од Хрватска.