03.11.2021

...

Одредени официјалните лица за натпреварите во ноемврискиот ФИБА „прозорец“ за сениорите

Судискиот оддел на ФИБА ги потврди номинациите на официјалните лица за првите натпревари од квалификациите за пласман на Светскиот Куп 2023 година.

Вклучително и натпреварите од групата „Г“ во која е и нашиот сениорски национален тим.

На отворањето на квалификациите за СК 2023, и натпреварот Македонија-Шпанија, кој се игра на 26. ноември во Скопје, правдата ќе ја дели судиската тројка: Томас Јасевичиус (Литванија), Александр Деман (Франција) и Сергеј Бељаков (Русија).

На оној наредниот, на 29. ноември, на гостувањето во Киев, на средбата против Украина како официјални лица-судии, ќе бидат: Керем Баки од Турција и двоецот од Литванија, Гинтарас Виткаускас и Гвидас Гедвилас