26.10.2022

Нашиот машки сениорски национален тим ќе биде домаќин на Норвешка и на Данска во салата „26.април“ во Гевгелија

Одредени официјалните лица за натпреварите во ноемврискиот ФИБА „прозорец“ од претквалификациите за ЕП 2025

Судискиот оддел на ФИБА ги потврди номинациите на официјалните лица за наредните два натпревари од претквалификациите за пласман на Евробаскетот 2025 година.

Односно натпреварите од групата „Д“ во која е и нашиот сениорски национален тим.

На натпреварот од третото коло, Македонија-Норвешка, кој се игра на 10. ноември во салата „26.април“ во Гевгелија, со почеток од 19.часот, правдата ќе ја дели судиската тројка: Лукаш Јанковски (Полска), Валентин Олиот (Франција) и Јан Балун (Чешка). Во улога на делегат е Фатон Куршумлија (Косово).

На оној наредниот, закажан за 13. ноември, исто така во Гевгелија (од 19.часот), на средбата против репрезентацијата на Данска, како официјални лица-судии, ќе бидат: Петрос Папапетру (Грција), Герт Јакобс (Белгија) и Алин Фаур (Романија), а делегат е Ставри Бело од Албанија.