22.11.2022

Нашиот женски сениорски национален тим оваа седмица ќе игра против Белгија (на гости) и против Германија (на домашен терен)

Одредени официјалните лица за натпреварите во ноемврискиот ФИБА „прозорец“ за сениорките

Судискиот оддел на ФИБА ги потврди номинациите на официјалните лица за наредните два натпревари од квалификациите за пласман на Евробаскетот 2023 година.

Односно натпреварите од групата „А“ во која е и нашиот женски сениорски национален тим.

На натпреварот од третото коло, Белгија-Македонија, кој се игра на 24. Ноември, во салата „Спортплаза“ во Ловен, со почеток од 20.30 часот, правдата ќе ја дели судиската тројка: Амел Дахра (Франција), Ева Матушевска (Полска) и Ниам Калаган (Ирска).  

Во улога на делегат е Ана Патрисија Гулак-Липка (Полска).

На оној наредниот, закажан за 27. ноември (од 19.часот), во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје, на средбата против репрезентацијата на Германија, како официјални лица-судии, ќе бидат: Озге Шентурк Бајрактар (Турција), Венцислав Великов (Бугарија) и Димитриос Захарис (Грција), а делегат е Чан Дураслан од Турција.