01.11.2024

Нашиот машки сениорски национален тим ќе одигра два натпревари против репрезентацијата на Литванија

Одредени официјалните лица за ноемврискиот ФИБА „прозорец“ од квалификациите за Евробаскетот 2025

Судискиот оддел на ФИБА ги потврди номинациите на официјалните лица за наредните два натпревари од квалификациите за пласман на Евробаскетот во 2025 година, односно натпреварите од групата „X“ во која е и нашиот сениорски национален тим.

На натпреварот од третото коло, Македонија-Литванија, кој се игра на 21. ноември во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје (од 18.часот), правдата ќе ја дели судиската тројка: Мануел Мазони (Италија), Мартин Хорозов (Бугарија), и Герт Јакобс (Белгија). Во улога на делегат е Хамит Турам од Турција.

На оној наредниот, закажан за 24. ноември (19.30 часот), кој нашите најдобри кошакари ќе го одиграат во градот Клаипеда, по втор пат против репрезентацијата на Литванија, како официјални лица-судии, ќе бидат: Мартинс Козловскис (Летонија), Николас Маестре (Летонија), и Карстен Штраубе (Германија), а делегат е Германецот Винфрид Гинтчел.