01.11.2024

Нашиот женски сениорски национален тим ќе одигра два натпревари на домашен терен, против Украина и Португалија

Одредени официјалните лица за ноемврискиот ФИБА „прозорец“ од квалификациите за Евробаскетот 2025-жени

Судискиот оддел на ФИБА ги потврди номинациите на официјалните лица за наредните два натпревари од квалификациите за пласман на Евробаскетот во 2025 година, односно натпреварите од групата „Г“ во која е и нашиот женски сениорски национален тим.

На натпреварот од третото коло, Македонија-Украина, кој се игра на 7. ноември во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје (од 18.часот), правдата ќе ја дели судиската тројка: Александра Јоана Стан (Романија), Вероника Ваврова (Чешка) и Џелал Мумини од Косово.

Во улога на делегат е Аленка Скреблин од Словенија.

На оној наредниот, против селекцијата на Португалија, закажан за 10. ноември, на истото место, салата во СРЦ „Кале“ во Скопје, и во исто време, од 18. часот, како официјални лица-судии, ќе бидат: Стилијанос Симеонидис од Грција, Сузана Вујичиќ (Црна Гора) и Владимир Занев од Бугарија, додека делегат е Драган Медан од Хрватска.