06.02.2024

Завршницата ќе се одигра во периодот од 15. до 17. февруари, во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола.  

Одредени се распоредот и сатнините за финалниот турнир од Купот „Благоја Георгиевски-Буштур“ 2024

Завршниот турнир во „Фајнал-ејт“ формат, ќе се одигра во периодот од 15. до 17. февруари, 2024 година, во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола.  

Место во завршницата на ова натпреварување, обезбедија екипите на: МЗТ Скопје Аеродром, Еуро Никел 2005, Пелистер, Чаир 2030, Работнички, ТФТ Моцарт, Феникс 2010 и Гостивар.

Согласно со пласманот на екипите по првиот круг од регуларниот дел од сезоната (11. одиграни кола) од Првата лига-мажи, формирани се четвртфиналните двојки, а во договор со организаторот, прецизирани се и сатнините на одигрување на сите натпревари од финалниот турнир.  

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ

15.ФЕВРУАРИ  (ЧЕТВРТОК)

12.00: (1) МЗТ Скопје Аеродром – (8) Гостивар

14.30: (3) Еуро Никел 2005 – (6) Чаир 2030

17.00: (4) Работнички – (5) ТФТ Моцарт

19.30: (2) Пелистер – (7) Феникс 2010

ПОЛУФИНАЛЕ

16. ФЕВРУАРИ (ПЕТОК)

17.00: Победник двојка 1 – победник двојка 4 (1)

19.30: Победник двојка 2 – победник двојка 3 (2)

ФИНАЛЕ

17. ФЕВРУАРИ (САБОТА)

18.00: Победник 1 – Победник 2

* Сите натпревари се играат во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола