19.03.2017

Одржан и вториот селективен тренинг за кошаркари до 18 години

Ѓорѓи Кочов, Атанас Димов и Бранко Андриевски повторно ги скенираа јуниорите на вториот селективен тренинг. Кошаркарите родени 1999 односно 2000 година го одработија селективниот тренинг на кој овој пат посебно внимание беше посветено на индивидуалните технички способности, играта 'еден на еден' како и 'пет на пет'. Селекторското трио работи со полна пареа за да ги селектира најдобрите 16 кошаркари кои оваа година ќе настапат на континенталното првенство во Талин, Естонија што ќе се одигра во периодот од 29. јули до 6. август.

„Овој тренинг го посветивме на проверка на можностите на секој играч посебно како во одбрана така и во напад. Имаме време, ќе работиме напорно и понатаму за да ги одбереме најдобрите кои го заслужуваат националниот дрес“ - истакна тренерот Атанас Димов.

Фотографиите од вториот селективен тренинг можете да ги погледнете на официјалната фејсбук страница на Македонската кошаркарска федерација, на следниот линк.