25.02.2017

Кошаркарите до 14 години го одработија првиот селективен тренинг

Одржан првиот селективен тренинг за кошаркари родени 2003 година

Кошаркарите родени 2003 година го одработија првиот селективен тренинг во новата, 2017 календарска година. Предводени од Дернис Дервишевиќ, Благоја Кечовски, Љупчо Илчевски, Нермин Пепиќ, Никола Данев, Маријан Ѓуров и Александар Асаданов, младите кошаркари се фокусираа на елементарните техники на кошарката, играта ’еден-на-еден’и ’пет-на-пет’.

За младите кошаркари репрезентативните обврски допрва ќе започнат, а засега на нивниот календар е само еден меѓународен турнир закажан за крајот на месец август (24.-27.) во Словењ Градец, Словенија.

Ставот на сите тренери кои денеска имаа можност да ги скенираат младите кошаркари е ист – пожелни се што повеќе пријателски натпревари за да младите кошаркари се здобијат со посакуваното искуство.

Повеќе фотографии од денешниот селективен тренинг можете да погледнете на следниот линк.