06.11.2017

Одржан првиот тренинг на сениорките во пресрет на евроквалификациите

Нашата женска сениорска репрезентација ги започна подготовките кои водат до натпреварите од првиот прозорец од квалификациите за Европското првенство 2019. Сениорките, предводени од Марјан Лазовски и Стојна Вангеловска го одржаа првиот тренинг во големата сала при спортскиот центар „Јане Сандански“ каде претстојната сабота ќе го одиграат и првиот натпревар од овој прозорец, против силната селекција на Италија, в сабота (11. ноември) со почеток од 17:00 часот.

Вратите ќе бида отворени за сите љубители на кошарката кои ќе сакаат да ги поддржат сениорките.