19.05.2018 Кошаркарките до 14 години кои конкурираат за во националната селекција за оваа возрасна категорија го одработија и последниот регионален селективен тренинг предвиден во пресрет на активностите за претстојното лето. Селекторот Жаклина Стојановска заедно со своите советници во стручниот штаб во состав Кристијан Шумковски (асистент) и Кире Атанасоски (ментор) одржаа тренинг со група од скопскиот регион, откако изминатите две седмици истото беше направено и со источниот односно западниот регион на републиката, во Радовиш односно во Битола.