Денес (петок,6. јули) во просториите на Македонската кошаркарска федерација беше одржан состанок на комисијата во состав Владимир Темелковски, Спортски Директор, Димитар Терзовски, Претседател на судиската комисија, Владо Цветковски, комесар за натпреварување, Ѓорѓи Пиперков ФИБА инструктор и Миливоје Трифуновски претседател на Асоцијацијата на кошаркари.
Горенаведените одржаа состанок на кој беа изнесени извештаите од инспекцијата на спортските сали кои клубовите кои наредната сезона (2018/2019) ќе се натпреваруваат во Првата лига (Мажи) ги пријавија како домашни.
Забелешките ќе им бидат испратени на прволигашките клубови, најдоцна до понеделник, а ќе биде потенциран и конкретен термин до кој клубовите ќе мора да се придржуваат односно да ги поправат забелешките или во спротивно да пријават алтернативен спортски објект кој ќе го користат како домашен се до конечна санација на првопријавената спортска сала.