15.01.2025 15.01.2025г. Раководството на Кошаркарската Федерација денес, 15. јануари, 2025 година, одржа состанок со претставниците на клубовите кои за оваа тековна натпреварувачка сезона 2024/2025 се натпревауваат во МТЕЛ Првата машка кошаркарска лига. Состанокот беше организиран по комплетирање на тринаесеттото натпреварувачко коло, а сè со цел да се забележат сите нерегуларности во спортските сали каде клубовите ги организираат натпреварите во рамки на Првата лига. На состанокот беа изнесени сите забелешки од последното натпреварувачко коло како и од Комисијата за проверка на спортските сали. Извештајот од комисијата за проверка на спортските сали може да се прочита на следниот ЛИНК.