16.08.2017

Одржан технички состанок пред почетокот на ЕП в Скопје

Нешто повеќе од 15 часа нè делат од првиот натпреввар на Европското првенство (Дивизија Б) за кошаркарки до 16 години кое во наредните девет дена ќе се одигра во Скопје. Вкупно 22 селекции, меѓу кои и нашата, ќе се борат за пласман во првите две места кои водат до промоција во А дивизија. Секој натпреварувачки ден ќе има по десет натпревари - пет во VIP арената при спортскиот центар „Борис Трајковски“ и уште пет во малата сала при спортскиот центар „Јане Сандански“. Нашата селекција сите натпревари од групната фаза ќе ги одигра во VIP арената при спортскиот центар „Борис Трајковски“ со почеток во 18 часот и 45 минути.

Вечерва беше одржан и техничкиот состанок на кој им беа посочени правилата по кои ќе се одвива првенството.