13.05.2018

Одржан втор селективен тренинг за кошаркарки до 14 години

Тренерското трио на националната селекција до 14 години во женска конкуренција продолжува да работи со полна пареа кога станува збор за селектирање на најдобрите кошаркарки од републиката. Селекторот Жаклина Стојановска заедно со своите помошници Кристијан Шумковски и Кире Атанасовски одржа селективен тренинг за западниот регион поточно за кошаркарки од клубови од градовите Охрид, Кичево, Кавадарци, Битола, Прилеп, Неготино и околните градови.

На овој селективен тренинг се појавија 24 кошаркарки кои ги одработија зададените задачи од тренерското трио.  

На распоредот на оваа селекција, засега, останува уште еден регионален селективен тренинг кој ќе се одржи на ден 19. Мај 2018 (Сабота) во спортската сала во Скопје СРЦ Кале (мала сала) во 11:00 часот Клубови од Тетово, Гостивар, Скопје, Куманово, Велес, Дебар и др.

Оваа календарска година, кошаркарките до 14 години ќе земат учество на четиринаесеттото издание на турнирот „Slovenia Ball“ заедно со уште девет репрезентации во соодветната возрасна категорија. Турнирот, кој е своевиден пандан на континентално првенство, ќе се одржи во периодот од 16. до 19. август, во Словењ Градец.