13.05.2018 Репрезентацијата со 16 години во женска конкуренција денес го одржа и вториот тренинг. Стручниот штаб, на чело со селекторот Стојна Вангеловска, повика 20 кошаркарки кои влегоа во изборот за националниот состав. Покрај вежбите зададени од страна на тренерите, младите кошаркарки беа скенирани и од Златко Јанакиевски кој ќе работи со нив на физичката подготвеност.