Непосредно пред официјалнииот почеток на новата натпреварувачка сезона во сите рангови на натпреварување, Македонската кошаркарска федерација и Секторот за внатрешни работи при МВР во Скопје одржаа заеднички состанок со претставниците на сите клубови кои гравитираат, односно функционираат на територијата на град Скопје.
На состанокот кој имаше префикс на задолжителен за претставниците на кошаркарските клубови кои се со седиште во град Скопје, се говореше за изнајдување на соодветни решенија, за сите неопходни заеднички мерки со цел безбедно организирање, одржување и обезбедување за претстојните натпревари кои ги организира Македонската кошаркарска федерација.
Од страна на припадниците на МВР особено беше потенцирано доследно спроведување на Законот за спречување на насилство и недолично однесување, со особен акцент на неколку членови од законот на кои ќе се инсистира во спроведувањето на Законот.
Во прв ред, обврските на клубот – организатор на натпреварот, но и должностите на гостинскиот клуб кој учествува на кошаркарски натпревар. Апострофирано беше што всушност означува натпревар со зголемен ризик, и обврските кои ги има клубот-организатор, што пак од друга страна со себе носи и зголемување, односно обезбедување на поголем број на редари.
Освен тоа, беа презентирани и искуства и од другите спортови во спроведување на Законот за насилство и недолично однесување.
Претставниците на Секретаријатот за внатрешни работи најавија дека во текот на наредната недела ќе биде одржан и состанок со претставници на навивачките групи на клубовите од Скопје, а Комесарот за натпреварување, Александар Милојевиќ најави изработка на посебен протокол, и забележа присуство на вкупно 19. клубови од Скопје на овој особено корисен и доста важен собир во СРЦ „Кале“.
ЗАКЛУЧОЦИ ОД ОДРЖАНИОТ СОСТАНОК СО ПРЕТСТАВНИЦИТЕ НА КЛУБОВИТЕ ОД СКОПЈЕ И СВР СКОПЈЕ