26.09.2018

Одржан ждребот за Првата лига (мажи)

Денеска, 26. септември 2018 година, во просториите на Македонската кошаркарска федерфација беше одржан ждребот за првото коло од претстојната натпреварувачка сезона во Првата лига (мажи) која треба да започне на 6. октомври.

Во натпреварувачката сезона 2018/2019 во ПЛМ ќе се натпреваруваат вкупно единаесет екипи (по едногласна одлука на Здружението на Прволигаши да го прифати барањето на КК Шкупи за играње во Првата лига и покрај задоцнетата уплата на котизација). Актуелниот шампион Работнички ќе ја брани петнаесеттата титула во домашното првенство против МЗТ Скопје Аеродром, Гостивар, Куманово, Блокотехна, Пелистер, АВ Охрид, Кожув, Фени Индустри, Вардар и против Шкупи.

ДВОЈКИ ПРВО КОЛО ПЛМ 2018/2019
АВ Охрид - Работнички
Блокотехна - МЗТ Скопје Аеродром
Пелистер - Фени Индустри
Гостивар - Кожув
Вардар - Куманово

Слободен прво коло - Шкупи