26.11.2024

Собир посветен на решавање на родово базираното насилство во спортот со нашите спортисти и спортистки на возраст до 14 години

Одржана „работилница“ како продолжение на проектот „Откажи родово базирано насилство“ (ФОТО)

Како дел посветен на интернационалниот ден посветен на елиминација на насилството врз жените, како продолжение на проектот „откажи родово базирано насилство“ (Cancel Gender Based Violence), нашата федерација организираше своевидна „работилница“.

Собир кој беше посветен на решавање на родово базираното насилство во спортот со нашите спортисти и спортистки на возраст до 14 години.

„Работилницата“ беше исполнета со интерактивни и забавни активности во кои активно учествуваа психолог, спортисти и тренери од кошаркарскиот спорт во нашата земја.

Се работеше во четири одделни групи со активности во кои, секоја група посебно, требаше да се стави во улога на родител, инспектор, министерство за образование и психолог.

Секоја поединечна група, беше задолжена да ги каже своите гледишта околу тоа зошто и како настанува секој вид на насилство и начини како истото да се запре.

Сето тоа со една јасно дефинирана цел, да ја подигнуваме свеста и создаваме позитивни промени во нашето опкружување.