Денешната седница на Управниот одбор при МКФ содржеше пет точки на дневниот ред кои беа усвоени од присутните членови. Усвоен беше записникот од седницата на Управниот одбор на 23. јануари, 2018 година, како и извештајот од одржаното Вонредно собрание на 11. февруари, 2018 година. Се усвоија и одлуките на Комисијата за итност во врска со листата за предлог на тренери за Спортската Академија. Назначени беа и селекторите на сите младински категории и под точка пет насловена ’разно’ беше усвоен предлогот за субвенционирање на младинските категории.
НАЗНАЧЕНИ СЕЛЕКТОРИ:
Репрезентација до 14 години (ЖЕНИ)
Селектор: Жаклина Стојановска
Помошник тренер: Христијан Шуменкоски
Ментор: Кире Атанасовски
Репрезентација до 16 години (ЖЕНИ)
Селектор: Стојна Вангеловска
Помошник тренер: Енвер Мифтари
Ментор: Горјан Стојановски
Репрезентација до 14 години (МАЖИ)
Селектор: Благоја Кечовски
Помошник тренер: Никола Данев / Андреја Апостолски Лечиќ
Ментор: Сашо Лазаров
Репрезентација до 15 години (МАЖИ)
Селектор: Денис Дервишевиќ
Помошник тренер: Марјан Ѓуров
Ментор: Николче Божиновски
Репрезентација до 16 години (МАЖИ)
Селектор: Александар Јованчев
Помошник тренер: Мартин Атанасовски
Ментор: Бранко Андриевски
Репрезентација до 18 години (МАЖИ)
Селектор: Панче Милевски
Помошник тренер: Ангел Љутков
Ментор: Ѓорѓи Кочов
Репрезентација до 20 години (МАЖИ)
Селектор: Никола Василев
Помошник тренер: Дарко Радуловиќ
Ментор: Будимир Јоловиќ