20.06.2018 На денешната последна дебата помеѓу МКФ и рпетставници на Прволигашите (7 клуба) беше изнесен предлогот од страна на МКФ за намалување на бројот на странците за наредната сезона и за наредните сезони со цел за подобрување на квалитетот на македонските кошаркари и зголемувањето на минутажата кои истите ја имаат во клубовите. По неколку мали модификации финалниот предлог кој МКФ ќе го достави кон дописно Собрание ќе гласи: За сезоната 2018/2019 бројот на странци се намалува на 4 со задолжителен број на тројца Македонци во игра до Супер Лига и двајца во понатамошниот тек на првенството (Супер лига и плејоф и плејаут). За сезоната 2019/2020 4 странци во екипа и тројца Македонци во игра до полуфиналната серија од Плејофот. Од наредната сезона 2020/2021 4 странци со тројца Македонци во игра во текот на целото првенство. Ова е само еден од чекоритешто раководството на МКФ ги предвидува да ги онлайн игровые автомат преземе во иднина за зголемување на квалитетот на македонските кошаркари и давање поголема доверба и минутажа од клубовите. За во идниот месец се планира промена и кај Второлигашите.