07.05.2020

За прв пат во историјата нема да биде доделено „скудетото“ во кошаркарската лига на Италија!

ОФИЦИЈАЛНО, КРАЈ ВО ЛЕГА А: Италија без шампион за сезоната 2019/2020!

Кошаркарската федерација на Италија (ФИП) одлучи да не прогласи шампион, а во исто време, да нема испаѓање во ЛЕГА А, како и во другите пониски рангови на натпреварување за сезоната 2019/2020.

Уште пред еден месец, поради ужасната состојба во Италија предизвикана од епидемијата со коронавирусот, првично беше одлучено првенството во Италија да не биде продолжено.А  сега таа одлука е потврдена од највисоките раководни органи на ЛЕГА А.

Во одлуката која ја потврди ФИП стоии тоа дека на тимовите им се остава за простор за жалба на одлуката по пласманот во повисок ранг на натпреварување. Односно да поднесат барање ако сакаат промена на местото-лигата во која сакаат да се натпреваруваат, и тоа може да го реализираат најдоцна до 15.јуни.

Во моментот кога беше прекината елитната лига во Италија, а поради пандемијата со коронавирусот, екипата на Виртус од Болоња беше прва на табелата со ефект од 18.победи и 2. порази по 20 одиграни кола. Следуваат Сасари, кој со натпревар повеќе имаше ефект (16-5), Бреша и Олимпија Милано (14-7).

Сега и официјално е одлучено дека „црно-белите“ од Болоња нема да бидат промовирани во шампиони на италијанската ЛЕГА А. 

Следната сезона, согласно со предлогот на федерацијата, би започнала во октомври, до кога ќе биде дефиниран бројот на учесници во сите рангови на натпреварување.