Српската репрезентација стартуваше со победа на олимпискиот квалификациски турнир што се одржува во Белград
Во првото коло од својата група, големиот фаворит ја победи Доминиканска Република со (94:76), Крајниот резултат не е реален одраз на она што се случуваше на теренот. Гостите имаа предност од 31-23 на крајот на првата четвртина, а по 30 минути игра резултатот беше 67-66 за Србија.
На почетокот од последниот квартал Доминиканците дури и израмнија на 69-69, но следуваше серија од 9-0 на Србија по која беше скршен нивниот отпор. Во тие десет минути гостите постигнаа само десет поени.
На натпреварите од останатите групи што се играа во текот на денот немаше изненадување. Полска, Германија, Литванија и Бразил славеа победи, а најмногу се измачија Германците кои во последната четвртина го скршија отпорот на Мексико.
Некако највозбудливо беше во Викторија, и тоа на двете средби од првиот ден. По голема борба, Канада го доби дербито со Грција (97:91), додека многу тешка победа реализираа кошаркарите на Турција во дуелот со Уругвај (95:86)
РЕЗУЛТАТИ 1.КОЛО
ТУРНИР - КАУНАС
Полска – Ангола 83:64
Литванија – Венецуела 76:65
ДЕНЕСКА:
15.30: Ангола – Словенија
18.30: Венецуела – Кореја
ТУРНИР - СПЛИТ
Германија – Мексико 82:76
Тунис – Бразил 57:83
ДЕНЕСКА:
16.30: Мексико – Русија
20.00: Бразил – Хрватска
ТУРНИР - БЕЛГРАД
Доминикана – Србија 76:94
ДЕНЕСКА:
20.15: Србија – Филипини
ТУРНИР - ВИКТОРИЈА
Грција – Канада 91:97
Уругвај – Турција 86:95
ДЕНЕСКА:
01:05: Канада – Кина
04.35: Турција - Чешка