03.07.2024

Хрватска стигна до изненадувачки убедлив триумф против Словенија (108:92) во премиерниот меч на турнирот во Атина

ОЛИМПИСКИ КВАЛИФИКАЦИИ: Каква вечер во Пиреја, тројниот ефект на Шариќ, поважен од оној на Дончиќ!

Каков почеток на олимписките квалификации, неверојатна изведба на репрезентацијата на Хрватска во дуелот со соседите од Словенија!

Имаа „коцкастите“ фантастично издание во Пиреја, со кое го декласираа помалку фаворизираниот состав кој и ова лето го предводи неверојатниот Лука Дончиќ.

На крајот бешше „само“ (108:92) за Хрватска, само од причина што во текот на последниот период, тимот во кој свои одлични изданија имаа неколку играчи, имаше и плус од 29.поени.

Звучи уште поневеројатно ако се види статистиката. Вели дека капитените на двете селекции од поранешната држава, имаа троен ефект. Дарио Шариќ, заврши со трипл-дабл изразен ос 19.поени, и по 10. скока односно асистенции, кој се покажа како повалиден, покорисен во однос на оној на Лука Дончиќ од 26.поени, и по 11.скока, и исто толку успешни додавања.

Ова е и историско оостварување на еден хрватски репрезентатовец, прво во постоењето на хрватската репрезентативна кошарка.

За Дончиќ пак ова е втор ФИБА „троен скор“, ако се земе в предвид дека предводникот на Словенија имаше и подобри бројки на мечот од олимписките квалификации против Литванија, одигран на 4. јули 2021 година кога на 31.поен, додаде и 13.асистенции, односно имаше и 11.скока во победата (96:85).   

Историски резултат запишаа и кошаркарите на Италија, кои ја совладаа селекцијата на Бахреин со неверојатни (114:53). Односно со најубедлива разлика запишана во модерната ера на олимписките квалификациски турнири.

Како историски за ова натпреварување, секако е и настапот на 15.годишниот Адриен Исак Порас, играч на селекцијата на Мексико.

Порас влезе во игра на крајот на третиот период од дуелот со Литванија, со што го симна од листата досегашниот најмлад учесник во ФИБА олимписките квалификации кој беше во сопственост на Карл Ентони Таунс од Филипините., а го направи уште во 2012 година.

ТУРНИР – АТИНА (ГРЦИЈА)

РЕЗУЛТАТИ И РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ – ГРУПНА ФАЗА

ПРВО КОЛО

Египет – Доминиканска Република    77:90

Словенија – Хрватска      92:108

ГРУПА А - ТАБЕЛА: Хрватска 2, Словенија 1, Нов Зеланд 0

ГРУПА Б - ТАБЕЛА: Доминиканска Република 2, Египет 1, Грција 0

3.ЈУЛИ (СРЕДА)

16.30: Хрватска – Нов Зеланд

20.00: Доминиканска Република - Грција

ТУРНИР – РИГА (ЛЕТОНИЈА)

РЕЗУЛТАТИ И РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ – ГРУПНА ФАЗА

ПРВО КОЛО

Бразил – Црна Гора         81:72

Грузија – Летонија            55:83

ГРУПА А-ТАБЕЛА: Летонија 2, Грузија 1, Филипини 0

ГРУПА Б - ТАБЕЛА: Бразил 2, Црна Гора 1, Камерун 0

3.ЈУЛИ (СРЕДА)

14.30: Црна Гора – Камерун

18.00: Летонија – Филипини

ГРУПА – САН ХУАН (ПОРТОРИКО)

РЕЗУЛТАТИ И РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ

Италија – Бахреин            114:53

Мексико – Литванија      84:96

ГРУПА А - ТАБЕЛА: Литванија 2, Мексико 1, Брег на Слонова Коска 0

ГРУПА Б - ТАБЕЛА: Италија 2, Бахреин 1, Порторико 0

3.ЈУЛИ (СРЕДА)

23.30: Литванија – Брег на Слонова Коска

02.30: Бахреин - Порторико

ГРУПА – ВАЛЕНСИЈА (ШПАНИЈА)

РЕЗУЛТАТИ И РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ

Финска – Бахами   85:96

Либан – Шпанија  59:104

ГРУПА А - ТАБЕЛА: Шпанија 2, Либан 1, Ангола 0

ГРУПА Б - ТАБЕЛА: Бахами 2, Финска 1, Полска 0

3. ЈУЛИ (СРЕДА)

17.30: Бахами – Полска

20.30: Шпанија – Ангола

*Сатнините се дадени според средноевропско време