01.07.2021

Бразил ја демолираше Хрватска (94:67), Србија тешко и со Филипини (83:76)

ОЛИМПИСКИ КВАЛИФИКАЦИИ: „Кариока шоу“ во Сплит

Лекција по модерна кошарка пред своите навивачи им демонстрираше Александар Петровиќ, некогаш селектор на Хрватска, а сега предводник на селекцијата на Бразил, на своите сонародници на вториот ден од квалификацискиот турнир кој се игра во Сплит.

Славеа „кариоките“ со преубедливи (94:67), по што изборија пласман во полуфиналето. За разлика од нив, „коцкастите“ тоа ќе треба да го потврдат вечерва (20.часот), во натпреварот против селекцијата на Тунис.

Второто изненадување во оваа група го направи Мексико, кој по голема борба беше подобар од Русија (72:64). Па пред вечерашната разврска јасно е дека една од двете европски селекции на овој турнир, Германија и Русија, во меѓусебен дуел ќе одлучи која од нив оди понатаму.

Србија ја совлада селекцијата на Филипини (83:76), но со уште една, неубедлива игра. Вториот триумф ги носи избраниците на селекторот Игор Кокошков во полуфиналето. Таму ги чека поразениот од денешниот дуел во салата „Александар Николиќ“ (од 16.30 часот) во кој се среќаваат селекциите на Италија и на Порторико.

Супер интересен ќе биде и денешниот дуел во Каунас, (од 15.30 часот), во кој ќе играат Словенија и Полска, за прво место во групата „А“, додека пак нешто подоцна, Литванија треба да го потврди пласманот во првите четири со планирана победа над Кореја.

Во „најдалечната“ (за Европа) група, онаа која се игра во Викторија, домаќинот Канада оди понатаму откако беше убедлива и против Кина (109:79). Истото се однесува и за Турција која беше немилосрдна во дуелот со Чешка (87:70).

За место во полуфиналето Грција ќе мора да ја победи Кина, а Чешка да излезе како победник во мечот со Уругвај.

РАСПОРЕД И РЕЗУЛТАТИ

ТУРНИР – КАУНАС

ПРВО КОЛО

Полска – Ангола   83:64

Литванија – Венецуела 76:65

ВТОРО КОЛО

Ангола – Словенија         68:118

Венецуела – Кореја         94:80

ДЕНЕСКА:

15.30: Словенија – Полска

18.30: Кореја - Литванија

ТУРНИР – СПЛИТ

ПРВО КОЛО

Германија – Мексико 82:76

Тунис – Бразил 57:83

ВТОРО КОЛО

Мексико – Русија 72:64

Бразил – Хрватска 94:67

ДЕНЕСКА:

16.30: Русија – Германија

20.00: Хрватска - Тунис

ТУРНИР – БЕЛГРАД

ПРВО КОЛО

Доминикана – Србија 76:94

ВТОРО КОЛО

Србија – Филипини          83:76

ДЕНЕСКА:

16.30: Италија – Порторико

20.30: Филипини - Доминикана

ТУРНИР – ВИКТОРИЈА

ПРВО КОЛО

Грција – Канада    91:97

Уругвај – Турција  86:95

ВТОРО КОЛО

Канада – Кина        109:79

Турција – Чешка   87:70

ДЕНЕСКА:

01.05: Кина – Грција

04.35: Чешка - Уругвај