04.07.2024

Селекциите на Литванија, Шпанија и Бахамите се веќе во полуфиналето...

ОЛИМПИСКИ КВАЛИФИКАЦИИ: Нов Зеланд ја шокираше Хрватска, Филипините ја „смирија“ Летонија

Големо изненадување, и не е така ретко, направија кошаркарите на Нов Зеланд со победата над една од репрезентациите која по одигрувањето на првото коло се промовира како фаворит

Славеа момците кои од клупата ги предводи славниот Перо Камерон со фаворизираната Хрватска во второто коло од натпреварите на турнирот во Атина, и тоа со голем пресврт во последната четвртина (90:86).

Тоа значи дека со победа во денешниот меч против селекцијата на Словенија, ќе го освојат првото место во групата „А“ и во полуфиналето ќе ја одбегнат, многу извесно, домашната селекција на Грција.

Грците, предводени од „повратникот“ Јанис Адетокумпо, лесно и убедливо ја победија Доминиканската Република (109:82), па вечерва ќе одат по заверка на првата позиција, која за ривал во полуфиналето може да им донесе еден од балканските опоненти како Словенија или Хрватска.  

*Уште поголемо изненадување, се чини, направија кошаркарите на Филипини, кои во вториот круг од натпреварите на турнирот во Рига славеа неочекуван триумф над домаќинот на овој собир Летонија. На крајот „само“ со (89:81), иако во текот на мечот, звучи помалку и неверојатно, имаа предност и од повеќе од дваесет поени.

Затоа денеска (од 14.30 часот), ќе имаат голема прилика со евентуален успех во дуелот со Грузија, да завршат и како првопласирани, и во следната фаза да ја одбегнат силната селекција на Бразил, која нешто подоцна (од 18.часот), ќе игра против Камерун, за првото место во групата „Б“ на овој турнир.

*Помалку очекувано репрезентацијата на Литванија е првата која осигура пласман во наредниот круг од натпреварите на турнирот кој се одржува во далечниот Сан Хуан.

Во две кола, Литванците направија две победи. По успехот во дуелот со Мексико, во доста понеиезвесен меч беа подобри и од селекцијата на Брегот на Слоновата Коска (97:93), и се промовираа во први полуфиналисти. Кој ќе биде вториот, ќе одлучи меѓусебниот дуел (денеска, 23.30 часот), во кој ќе играат токму брегот на Слоновата коска и мексико.

Кој ќе биде најдобар во другата „Б“ група, ќе одлучи меѓусебниот дуел на двете фаворизирани селекции, онаа на Италија и домашната – Порторико, кои очекувано беа убедливи во дуелите со слабиот Бахреин.  

*А некако најасни се работите на турнирот во Валенсија. Барем околу тоа кои две селекции ќе завршат на првото место во оваа групна фаза.

Во таа улога се најде домашната репрезентација на Шпанија, која, потешко од предвидувањата славеше триумф над Ангола (89:81), за „црвата фурија“ втор во само два дена (претходно беа подобри од Либан).

Во истата ситуација е и репрезентацијата на Бахамите, која ја „доби“ Полска со сигурни (90:81) за максимален ефект „два од два“ и нешто полесен, условно кажано, противник во наредниот круг – полуфиналниот.

Кој ќе се најде таму ќе одлучи една европска пресметка во која ќе се сретнат селекциите на Полска и на Финска (20.30 часот), додека во онаа другата, за место во најдобрите четири ќе разигруваат Ангола и Либан.

ТУРНИР – АТИНА (ГРЦИЈА)

РЕЗУЛТАТИ И РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ – ГРУПНА ФАЗА

ПРВО КОЛО

Египет – Доминиканска Република    77:90

Словенија – Хрватска      92:108

ВТОРО КОЛО

Хрватска – Нов Зеланд   86:90

Доминиканска Република – Грција   82:109

ГРУПА А - ТАБЕЛА: Хрватска 3, Словенија 1, Нов Зеланд 1

ГРУПА Б - ТАБЕЛА: Доминиканска Република 3, Грција 2, Египет 1

ТРЕТО КОЛО (4.ЈУЛИ)

16.30: Нов Зеланд – Словенија

20.00: Грција – Египет

ТУРНИР – РИГА (ЛЕТОНИЈА)

РЕЗУЛТАТИ И РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ – ГРУПНА ФАЗА

ПРВО КОЛО

Бразил – Црна Гора         81:72

Грузија – Летонија            55:83

ВТОРО КОЛО

Црна Гора – Камерун      70:66

Летонија – Филипини      80:89

ГРУПА А - ТАБЕЛА: Летонија 3, Филипини 2, Грузија 1

ГРУПА Б - ТАБЕЛА: Црна Гора 3, Бразил 2, Камерун 1

ТРЕТО КОЛО (4.ЈУЛИ)

14.30: Филипини – Грузија

18.00: Камерун – Бразил

ГРУПА – САН ХУАН (ПОРТОРИКО)

РЕЗУЛТАТИ И РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ

ПРВО КОЛО

Италија – Бахреин            114:53

Мексико – Литванија      84:96

ВТОРО КОЛО

Литванија – Брег на Слонова Коска   97:93

Бахреин – Порторико      56:99

ГРУПА А - ТАБЕЛА: Литванија 4, Мексико 1, Брег на Слонова Коска 1

ГРУПА Б - ТАБЕЛА: Италија 2, Порторико 2, Бахреин 2

ТРЕТО КОЛО (4.ЈУЛИ)

23:30: Брег на Слонова Коска – Мексико

02.30: Порторико - Италија

ГРУПА – ВАЛЕНСИЈА (ШПАНИЈА)

РЕЗУЛТАТИ И РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ

ПРВО КОЛО

Финска – Бахами   85:96

Либан – Шпанија  59:104

ВТОРО КОЛО

Бахами – Полска   90:81

Шпанија – Ангола 89:81

ГРУПА А - ТАБЕЛА: Шпанија 4, Либан 1, Ангола 1

ГРУПА Б - ТАБЕЛА: Бахами 4, Финска 1, Полска 1

ТРЕТО КОЛО (4.ЈУЛИ)

17.30: Ангола – Либан

20.30: Полска - Финска

*Сатнините се дадени според средноевропско време