05.07.2024

Црна Гора и Грузија најслаби во „триаголникот“, „извисија“ за местата кои водат во полуфиналето, Дончиќ ја одведе Словенија понатаму

ОЛИМПИСКИ КВАЛИФИКАЦИИ: По 60 години чекање, Порторико ја победи Италија

По три дена играње во четири града, познати се и осумте селекции кои обезбедија место во наредната елиминациска фаза од олимписките квалификации.

А турнирот кој се игра во Атина, покрај домаќинот, кој имаше лесна задача да го совлада Египет (93:71), полуфиналист стана и селекцијата на Словенија, која беше убедлива во мечот против Нов Зеланд (109:82), а во кој им недостасуваа само уште три поени да завршат како први во групата. Но обидот на феноменалниот Лука Дончиќ (заврши со троен ефект од 36.поени, 11.скока и 10.асистенции) заврши на обрачот на противничкиот кош.

Вака ја „формираа“ најсилната полуфинална двојка, во сабота, од 16.30 часот во салата „Мир и Пријателство“ во Пиреја ги чека Грција, додека втората полуфинална двојка во оваа конкуренција ја чинат репрезентациите на Хрватска и на Доминиканска Република.

*Селекцијата на Црна Гора е најголемиот „губитник“ на собирот во Рига. Во голема мерка, Црногорците зависеа од дуелот во која Бразил важеше како фаворитот против Камерун. Но африканската селекција направи големо изненадување, дојде до уште поголема победа (77:74), која им беше доволна во кругот на трите селекции да завршат како второпласирани.

Слично сценарио имаше и во другата група во која Грузија успеа да ја побееди репрезентацијата на Филипини, но со недоволни (96:94), и со оглед на високиот пораз на стартот на турнирот од домашната Летонија, тоа беше и крај на надевањата за некогашниот македонски селектор Александар Џикиќ и неговата Грузија.

*Изненадување, но само за оние кои не ја следат доволно светската кошарка е и конечниот пласман во групата која се игра во Сан Хуан.

Во дербито на првиот круг од натпреварите, домашната селекција на Порторико, стигна до важен триумф над Италија (80:69), за нив прв по чекање од 60 години, и 13.неуспешни обиди во изминатиот период. Но особено важен, затоа што ги стави на првото место и им донесе нешто полесен противник во полуфиналето – Мексико. Репрезентација која во директниот дуел за место во првата „четворка“ ја совлада селекцијата на Брегот на Слоновата Коска со резултат (92:81).

*Репрезентацијата на Финска е најголемиот „победник“во досегашниот дуел од турниротт кој се игра во Валенсија.

Со голем, неверојатен пресврт, во мечот на одлука, во кој беа во заостанување и од 15. поени, излегоа за поен подобри од Полска (89:88), сосема доволен да дојдат до второто место во групата која ја „освои“ селекцијата на Бахамите.

А нивен противник во полуфиналето, сензационално стана репрезентацијата на Либан, која со одлична игра, особвено во второто полувреме го изненади фаворизираниот состав на Ангола. На крајот, плус 4 (74:70), и полуфинале за симпатичниот тим кој доаѓа од Либан.

ТУРНИР – АТИНА (ГРЦИЈА)

РЕЗУЛТАТИ И РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ

ПРВО КОЛО

Египет – Доминиканска Република    77:90

Словенија – Хрватска      92:108

ВТОРО КОЛО

Хрватска – Нов Зеланд   86:90

Доминиканска Република – Грција   82:109

ТРЕТО КОЛО

Нов Зеланд – Словенија 78:104

Грција – Египет      93:71

ГРУПА А - ТАБЕЛА: ХРВАТСКА 3, СЛОВЕНИЈА 3, Нов Зеланд 2

ГРУПА Б - ТАБЕЛА: ГРЦИЈА 4, ДОМИНИКАНСКА РЕПУБЛИКА 3, Египет 2

ПОЛУФИНАЛЕ (6.ЈУЛИ)

16.30: Грција – Словенија

20.00: Доминиканска Република - Хрватска

ТУРНИР – РИГА (ЛЕТОНИЈА)

РЕЗУЛТАТИ И РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ

ПРВО КОЛО

Бразил – Црна Гора         81:72

Грузија – Летонија            55:83

ВТОРО КОЛО

Црна Гора – Камерун      70:66

Летонија – Филипини      80:89

ТРЕТО КОЛО

Филипини – Грузија         94:96

Камерун – Бразил 77:74

ГРУПА А: ЛЕТОНИЈА 3, ФИЛИПИНИ 3, Грузија 3

ГРУПА Б: БРАЗИЛ 3, КАМЕРУН 3, Црна Гора 3

ПОЛУФИНАЛЕ (6.ЈУЛИ)

14.30: Бразил – Филипини

18.00: Камерун – Летонија

ГРУПА – САН ХУАН (ПОРТОРИКО)

РЕЗУЛТАТИ И РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ

Италија – Бахреин            114:53

Мексико – Литванија      84:96

ВТОРО КОЛО

Литванија – Брег на Слонова Коска   97:93

Бахреин – Порторико      56:99

ТРЕТО КОЛО

Брег на Слонова Коска – Мексико     81:92

Порторико – Италија       80:69

ГРУПА А - ТАБЕЛА: ЛИТВАНИЈА 4, МЕКСИКО 3, Брег на Слонова Коска 2

ГРУПА Б - ТАБЕЛА: ПОРТОРИКО 4, ИТАЛИЈА 3, Бахреин 2

ПОЛУФИНАЛЕ (6.ЈУЛИ)

22.00: Италија – Литванија

01.00: Порторико – Мексико

ГРУПА – ВАЛЕНСИЈА (ШПАНИЈА)

РЕЗУЛТАТИ И РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ

ПРВО КОЛО

Финска – Бахами   85:96

Либан – Шпанија  59:104

ВТОРО КОЛО

Бахами – Полска   90:81

Шпанија – Ангола 89:81

ТРЕТО КОЛО

Ангола – Либан     70:74

Полска – Финска   88:89

ГРУПА А - ТАБЕЛА: ШПАНИЈА 4, ЛИБАН 3, Ангола 3

ГРУПА Б - ТАБЕЛА: БАХАМИ 4, ФИНСКА 3, Полска 2

ПОЛУФИНАЛЕ (6.ЈУЛИ)

17.30: Бахами – Либан

20.30: Финска - Шпанија

*Сатнините се дадени според средноевропско време