Познати се сите учесници во полуфиналето на четирите турнири кои се дел од олимписките квалификации.
По три одиграни кола, немаше некои сензационални резултати, освен ако не се земе в предвид елиминацијата на една Русија која не го „преживеа“ турнирот во Сплит.
Во решавачкиот дуел, Германија беше за два поени подобра (69:67) и се избори за следната фаза каде ја чека дуел против домаќинот, селекцијата на Хрватска.
„Коцкастите“ уште еднаш покажаа дека се далеку од идеален тим. По убедливиот пораз од Бразил, се мачеа и во дуелот со Тунис. А отпорот на жилавиот противник го скршија во последната минута, за конечни (75:70).
Во оваа група мошне интересна ќе биде и другата полуфинална двојка која ја сочинуваат Бразил и Мексико.
ФОТО: Словенците газат се пред себе во Каунас - Клемент Препелич
Литванија и Полска ја потврдија фаворитската улога на турнирот во Каунас. Запишаа по две победи, па за место во проектираното финале како пречки им стојат Полска (Литванија), односно Венецуела (Словенија).
Разврската во првата фаза на собирот во Белград ги формираше двете полуфинални двојки, Италија–Доминикана, односно Србија-Порторико.
Големо балканско дерби ќе се игра во далечната Викторија. Ќе се сретнат селекциите на Грција и на Турција, додека пак Канада важи како голем фаворит против досега неубедливата Чешка.
РЕЗУЛТАТИ И РАСПОРЕД
ТУРНИР – КАУНАС
ПРВО КОЛО
Полска – Ангола 83:64
Литванија – Венецуела 76:65
ВТОРО КОЛО
Ангола – Словенија 68:118
Венецуела – Кореја 94:80
ТРЕТО КОЛО
Словенија – Полска 112:77
Кореја – Литванија 57:96
ПОЛУФИНАЛЕ – 3. ЈУЛИ
15.30: Словенија – Венецуела
18.30: Литванија - Полска
ТУРНИР – СПЛИТ
ПРВО КОЛО
Германија – Мексико 82:76
Тунис – Бразил 57:83
ВТОРО КОЛО
Мексико – Русија 72:64
Бразил – Хрватска 94:67
ТРЕТО КОЛО
Русија – Германија 67:69
Хрватска – Тунис 75:70
ПОЛУФИНАЛЕ – 3.ЈУЛИ
12.30: Бразил – Мексико
16.00: Хрватска – Германија
ТУРНИР – БЕЛГРАД
ПРВО КОЛО
Доминикана – Србија 76:94
ВТОРО КОЛО
Србија – Филипини 83:76
ТРЕТО КОЛО
Италија – Порторико 90:83
Филипини – Доминикана 67:94
ПОЛУФИНАЛЕ – 3. ЈУЛИ
13.00: Италија – Доминикана
16.00: Србија - Порторико
ТУРНИР – ВИКТОРИЈА
ПРВО КОЛО
Грција – Канада 91:97
Уругвај – Турција 86:95
ВТОРО КОЛО
Канада – Кина 109:79
Турција – Чешка 87:70
ТРЕТО КОЛО
Кина – Грција 80:105
Чешка – Уругвај 80:79
ПОЛУФИНАЛЕ – 3. ЈУЛИ
22.05: Канада – Чешка
01.35: Турција - Грција