13.08.2023

Домаќинот симна голем дел од дилемите околу победникот уште во првиот период, на крајот (83:59)...

ОЛИМПИСКИ ПРЕТКВАЛИФИКАЦИИ – ТАЛИН 2023: Естонија подобра од Македонија, само теорија за пат кон Гљивице

Домашната репрезентација направи високи (25:7) во првата четвртина, и тоа се покажа како пресудно во овој втор натпревар од претквалификацискиот турнир во Талин.

 ЕСТОНИЈА – МАКЕДОНИЈА        83:59

Во 18 минути од играта во полувреме, резервните играи на Естонија забележаа дури 25. поени, додека нашите играчи кои почнаа од клупата само 7.

Што исто така беше еден и тоа како важен сегмент во играта во тоа прво полувреме во кое домаќинот искреира навистина сигурна предност.

На нецели две минути пред крајот, по третата тројка на Раиесте, Естонците имаа плус 22, (42:20). Слично завршија и првите 20.минути од мечот. 

Естонија имаше двојно поголеми (44:22). Девет, од тие 22 поени, за нашата селекција ги реализираше Ти-Џеј Шортс.

Продолживме нешто подобро по големиот одмор. Со серија од седум поени, намаливме на (29:44). Но не направивме и нешто повеќе од тоа. До крајот на овој период Естонците одново се одвоија на разликата од полувремето (65:44).

Недостижна за нашиот сениорски тим, кој одигра егал во второто полувреме, но пресуди она првото во кое влеговме во голем „минус“.

Во оној статистички дел, капитенот Стојановски реализираше 12.поени, иако имаше здравствени проблеми (удар во пределот на рбетот на првата средба со Израел), додека пак Ти-Џеј Шортс застана на 11. поени (девет од нив во првото полувреме).

Претходно, во првиот натпревар од ова второ коло од претквалификациите во Талин, репрезентацијата на Израел славеше висока победа против Чешка (80:67). Тоа е втора победа за израелската селекција со која скоро сигурно, на коло пред крајот, е сигурен патник за следниот круг кој од 17. август ќе се игра во полскиот град Гљивице.  

Утре, 14.август е ден за одмор на турнирот во Талин. А во третото коло, од 15.часот, во вторник, Македонија ќе игра против Чешка (скор 1-1), додека во мечот за првото место во ова група Естониај ќе се обиде да биде подобра од Израел.

ОЛИМПИСКИ ПРЕТКВАЛИФИКАЦИИ – ТАЛИН 2023

РАСПОРЕД И РЕЗУЛТАТИ

ПРВО КОЛО

Чешка – Естонија  77:74

МАКЕДОНИЈА – Израел  65:87

ВТОРО КОЛО

Израел – Чешка    80:67

Естонија – МАКЕДОНИЈА           83:59

ТАБЕЛА

1.Израел      2          2          0          167:132        4

2. Естонија   2          1          1          157:136        3

3. Чешка       2          1          1          144:154        3

4.МАКЕДОНИЈА    2          0          2          124:170        2

14. АВГУСТ (ПОНЕДЕЛНИК)

СЛОБОДЕН ДЕН

15.АВГУСТ (ВТОРНИК)

15.00: Чешка – МАКЕДОНИЈА

18.00: Израел - Естонија