Селекциите на Словенија, Чешка, Италија и Германија, победниците на четирите квалификациски турнир, го пополнија бројот од 12. екипи-учесници на претстојните Олимписки игри, секако во оној машки кошаркарски сегмент.
А согласно со претходно реализирана ждрепка, формирани се и трите групи од првата фаза на олимпискиот турнир кој од 25.јули до 7.август ќе се одржи во земјата на изгрејсонцето.
Кошаркарите на Чешка ќе имаат доста тешка задача, затоа што одат во групата „А“ каде се селекциите на САД, Франција и Иран.
Словенија ќе биде дел од групата „Ц“ каде Европа ја претставува светскиот првак Шпанија, тука е домаќинот Јапонија, и еден од топ-фаворитите – Аргентина.
Селекциите на Германија и на Италија кои победија на турнирите во Сплит односно Белград, се распределени во групата „Б“ во која се уште и Австралија и Нигерија.
ОЛИМПИСКИ ТУРНИР – ТОКИО
ГРУПА А: Иран, Франција, САД, Чешка
ГРУПА Б: Австралија, Германија, Италија, Нигерија
ГРУПА Ц: Аргентина, Јапонија, Шпанија, Словенија