Крилниот кошаркар на МЗТ Скопје, Олуфеми Олуџоби е најкорисниот играч на 11. првенствено коло во Првата лига.
Американецот со нигерско потекло, ги одигра сите 40.минути од дерби дуелот против екипата на Пелистер. И дојде до импресивни бројки.
Реализираше 38.поени, со неверојатни 70% на реализација во шутот од поле, односно 4/8 за три, и 13/16 за два поени. Интересно не изведе ниту едно слободни фрлање. Но затоа пак имаше и осум скока, две додавања, една освоена и четири загубени топки.
Се заедно за 39. индексни поени, најмногу во ова 11. коло.
Ако Олуџоби дојде до највисок индекс на поени, во онаа идеална петорка од овој круг на натпреварите во Првата лига, има место за Стефан Крстајиќ.
Бекот на Академија ФМП имаше одлично издание во дуелот со екипата на Работнички. За нецели 37.минути во игра, реализираше 30.поени. Имаше и 14. скока, исто како и неговиот соиграч, Темелковски, иако игра на бековските позиции.
Дополни со уште шест асистенции за 37.индексни поени.
Зад неговиот ефект е оној на новакот во редовите на екипата на Вардар, Дикембе Диксон. Собра 36.индекс-поени во средбата со Куманово која „вардарци“ ја загубија.
Имаше 31.поен со висока реализација во шутот од поле (10/17) и од линијата за слободни фрлања (8/10), како и девет скока, три асистенции, четири освоени и две загубени топки за 38:36 минути во игра.
Крилото на Пелистер, Игор Кесар, исто така одигра одличен меч против МЗТ Скопје Аеродром. За 35.минути на теренот, силното крило на „зелено-белите“ реализираше 27.поени. Со одличен процент на реализација, 4/6 за три, 5/7 за два и 5/5 за еден поен. Дополнето со девет скока и три асистенции, доволно за индекс-31.
Во ова коло, одличен настап и за Тај Херис. Иако немаше висок процент на реализација, уфрли „само“ 16.поени, бекот на ТФТ имаше едно ол-раунд издание против екипата на Еуро Никел 2005.
Во кавадаречки „Јасмин“ Американецот дојде и до бројката од 13. асистенции и беше на три скока од трипл-дабл ефект во оние 39:28 минути додаде и две загубени и една освоена топка. Односно 26.индексни поени, доволни за голем триумф на нималку лесното гостување во Кавадарци.